Ивановски ги повика МАН и ЗНМ на договор за медиумските закони

Министерот за информатичко општество Иво Ивановски апелира до Македонската асоцијација на новинари и до Здружението на новинари заедно да ги договорат подзаконските акти за законите за медиуми и за аудиовизуелни медиумски услуги.

Ивановски, овој апел го упати одговарајќи на новинарско прашање што презема за одмрзнување на преговорите со ЗНМ по извештајот од Европската комисија за делот со слобода на медиумите.

Ивановски, кој учествува на меѓународната конференција за човечки ресурси, не прецизира дали ќе има промени кај законот за медиуми, којшто, како што рече, е во напредна фаза во Собранието.