Вуковар - полицијата нема да ги чува двојазичните табли

Разговорот меѓу хрватскиот премиер Зоран Милановиќ и 17 членови на „Штабот за одбрана на хрватски Вуковар“ синоќа заврши со договор за повлекување на полициските сили, кои ги чуваа двојазичните табли во градот, како и отстранување на заштитните огради околу нив.
Милановиќ потврди дека полицијата повеќе не е потребна и истакна дека двојазичните табли, кои се напишани на латиница и кирилица, остануваат на своите места, а кон нив секој ќе се однесува на сопствена одговорност.