ЕУЛЕКС осуди десетмина за тероризам

Десетмина етнички Албанци се осудени на затворски казни поради напад на српски полициски контролен пункт. Времетраењето на казните е од 26 месеци до 9 години. ЕУЛЕКС соопшти дека обвинетите се товарарт за тероризам и учество во терористичка група која го организирала вооружениот напад во југот на Србија во јуни 2012 година.Еден полицаец беше повреден во тогашниот инцидент.