Одложено гласањето за предлог-законот за „Златна Зора“

Грчкиот Парламент одлучи за во вторник да го одложи гласањето по измените на предлог-законот со кој се прекинува државното финансирање на неонацистичката партија Златна зора, чии шестмина пратеници се обвинети за членство во криминална организација. Парламентраната седница што започна во вторикот и на чиј дневен ред во последен момент беше вметната и точката за измена на Законот за финансирање на партиите, ќе продолжи следниот вторник, бидејќи многу од пријавените пратеници немаа време да говорат по предлогот, посочи претставничка на прес-службата на Парламентот.