САД - владините работници повторно на работа

Стотици илјадници вработени во владиниот сектор во САД се враќаат да работа откако претседателот Барак Обама го потпиша законот со кој стави крај на 16-дневната делумна блокада на влада и се избегна банкротот.
Десетици илјади федерални работници беа испратени дома без плата, за време на исклучување.
Со договорот кој најпрвин беше изгласан од Сенатот контролиран од демократите на Барак Обама, а потоа и од Претставничкиот дом кој е под контрола на републиканците исто така му се дозволува на Министерството за финансии да позајмува нормално до 7 февруари, со можност за уште еден дополнителен месец. Во договорот не е вклучено барањето на републиканците да се повлече законот за здравствена заштита познат како Обамакер.