Продолжува новиот бран промени на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ денеска на прес-конференција најави продолжување на кадровското освежување во институциите.
Во изминатиот период ВМРО-ДПМНЕ ја согледало успешноста на работата на функционерите кои беа именувани и врз основа на тоа да донесе одлука за промени во одредени области, изјави на прес-конференција Никола Тодоров, член на Извршниот комитет на партијата.
Смените, според Тодоров, се резултат на нивната неможност да одговорат на темпото на работа на ВМРО-ДПМНЕ и на одредени објективни слабости или недоволна посветена работа, што е во целосна спротивност на основните принципи на делување на партијата.
Станува збор за промени на функционери во Скопје,. Берово, Охрид, Облешево, Демир Хисар, Василево, Градско и други места.