Кипарскиот министер за финансии си ја покажа платата

Министрите и високите државни функционери на Кипар, како и другите обични граѓани, се најдоа на удар на финансиската криза во земјата, изјави кипарскиот министер за финансии Харис Георгијадис.
За да ги потврди своите зборови, тој ја покажа пресметката од својата плата за минатиот месец, на која се гледа дека добил 4.366 евра, наместо дотогашниот личен доход од 8.291 евро.
Платите на министрите на со финансиската криза зафатениот Кипар се намалени за околу 40 отсто.