Намален прометот во индустријата за 1,9 проценти во август

Прометот во индустријата во август годинава во однос на август лани е намален за 1,9 проценти, објави Државниот завод за статистика. Споредено со јули годинава во август прометот во индустријата бележи намалување за 2,5 проценти, а е зголемен за 5,8 проценти во периодот јануари, август годинава, во однос на истиот период лани. На домашниот пазар прометот во индустријата во август годинава споредено со август минатата година е намален за 13 проценти, а е зголемен за 4,4 проценти на странските пазари пораст.