Во Русија откриен нов вид на ХИВ вирусот

Руски научници во Новосибирск соопштија дека откриле нов вид на ХИВ вирусот кој се ширел со голема брзина. Овој подвид за прв пат бил детектиран во Новосибирск во 2006 година и според научниците, можеби е најжестока форма на овој вирус во Русија. Заболени има регистрирано и во севернокавказската република Чеченија, како и во Казахстан и Киргизстан.