Обама го поздрави договорот за избегнување банкрот на САД

Американскиот претседател Барак Обама

Американскиот претседател Барак Обама го поздрави договорот меѓу демократите и републиканците во Сенатот за одбегнување на евентуалниот банкрот на Соединетите држави и за крај на делумната блокада на владата која трае веќе 16 дена. Според него, сега е време за повторно да се врати довербата на американските граѓани. Обама порача дека веднаш ќе го потпише законот.