Се зголемува бројот на жртви од земјотресот на Филипините

Најмалку 71 луѓе загинале, во земјотресот со јачина од 7,2 степени што изутринава го погоди централниот дел на Филипините.
Епицентарот бил на островот Бохол каде има и 61 загинати. Има урнати згради, оштетени патишта и мостови. Во градот Кебу има 15 загинати а се јавува и за голем број повредени, некои при бегање односо во човечко стампедо.
Во септември минатата година десетици илјади луѓе беа евакуирани поради предупредување од цунами по еден земјотрес во централниот дел на Филипините.