Идентификуван осомничениот за убиството што предизвика насилство во Москва

Полицијата во Москва соопшти дека го идентификувале осомничениот за убиството што во неделата предизвика насилни судири меѓу анти емигрантските демонстранти и полицијата.
Според полицијата, станува збор за Орхан Захид оглу Зеиналов од Азербејџан.
Тој се бара за убиството на 25 годишниот московјанин што наводно го извршиол во четвртокот.
Вкупно 23 лица , меѓу кои осум полицајци, беа повредени во неделата откако демонстрантите ја нападнаа магацини за зеленчук во населба во Москва каде Зеиналов работел.