Напад врз сунитите во Киркук -11 загинати

Киркук, 15 октомври

Најмалку 11 луѓе загинаа, а 20 беа ранети при експлозија на бомба во џамија во северниот ирачки град Киркук.
Цел на нападот беа сунитиски верници. Ова е последен напад деновиве кога се одбележува Курбан Бајрам.
Во серијата напади, и покрај засилените мерки за безбедност во неделата во Ирак загинаа 25 лица. Околу 5 илјади луѓе се убиени од април во насилствата во Ирак.