Земјотрес на Филипините

Најмалку 20 луѓе загинале, а 33 се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени што изутринава го погоди централниот дел на Филипините. Не е издадено предупредување од цунами после земјотресот. Во септември минатата година десетици илјади луѓе беа евакуирани поради предупредување од цунами по еден земјотрес во централниот дел на Филипините.