ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во работата на судовите

ВМРО-ДПМНЕ нема намера да се меша во работата на Јавното обвинителството и судовите, како што воопшто не се мешаше кога овие институции притвораа и затвораа членови и функционери на ВМРО-ДПМНЕ осомничени за прекршување на законите.
Ова на денешната прес-конференција го соопшти Илија Димовски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ за барањето на СДСМ Преседавачот на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ да се брани од слобода во процесот за криминалот во Машинопромет.
Тој информира дека согласно законот не постои можност ВМРО-ДПМНЕ да ја преземе власта во општина Центар бидејќи, како што рече, ако Шиповиќ се повлече или поднесе оставка на негово место доаѓа повторно човек од листата на СДСМ.