Дачиќ: Србија со помош на Италија до подобри односи со Албанија

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ изрази надеж дека Италија ќе посредува во преговорите за евентуална посета на албанскиот премиер Еди Рама на Белград. „Рама изрази желба да ја посети Србија и ние прифативме“, изјавил Дачиќ за италијански медиуми во пресрет на заедничката седница на италијанската и српската влада што ќе се одржи утре во Анкона. Односите меѓу земјите во регионот никогаш не биле подобри, изјави српскиот премиер, алидирајќи на новите партнерства што Србија ги договори со Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина.