Продолжува комисиската расправа за ребалансот на буџетот

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска треба да ја продолжи расправата за предлог ребалансот на Буџетот на Македонија за 2013 година. Комисијата за транспорт врски, пак, ќе ги разгледува предлог измените на Законот за управување со отпад, во второ читање. Оваа точка е на дневниот ред и на Закондавно-правната комисија, која треба да расправа уште и за предлог измените на Законот за трговија, во второ читање.