Индија:расте билансот на жртвите во стампедото

Бројот на жртвите во страшното стампедо кое се случи пред верски храм во Индија се зголеми на 109 откако многумина им подлегнаа на повредите. Илјадници верници се наоѓаа на мостот пред храмот во Мадја Прадеш кога се слушнаа гласини дека мостот може да падне. Стотици илјади верници го преплавија селскиот храм Ратангарх во чест на хинду божицата Дурга на последниот ден од десетдневниот фестивал Наваратра.