Статуата на слободата повторно отворена за посетители

Статуата на слободата која што беше затворена на 1 октомври поради блокадата на американската влада, повторно е отворена за посетители. Тоа се случи вчера изутрина откако државата Њујорк се согласи да и исплати пари на Националната парк служба за повтроно отворање на споменикот. Четири милиони луѓе го посетиле споменикот во 2011 година што и донесе 174 милиони долари на економијата.