СДСМ побара објаснувања за вработувањата во „Македонски шуми“

СДСМ денеска ја обвини власта дека со необјавувањето на ранг листата на луѓето кои не добиле работа во „Македонски шуми“, а се вистински социјални случаи, одземено им е правото на приговор.
- СДСМ бара јавни одговори како меѓу вработените од Гостивар, во групата на самохрани родители е вработен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој има сопруга, сопственичка на фризерски салон, а и тој самиот има приватна фирма, праша денеска на прес-конференција членот на ИО на СДСМ Хари Локвенец.
Тој наведе повеќе неправилности за вработувањата во „Македонски шуми“ како за вработување на 21 лице од Свети Николе кои се подржувачи на ВМРО-ДПМНЕ, за веќе вработено лице во конфекција од Карбинци, и за вработен од Штип, член на вјадејачката партија.
Локвенец праша како од 44 лица од Охрид кои се вработени во „Македонски шуми“ девет воопшто не постојат, и како меѓу 30 примени од Струмица, дури 12 не постојат.
Нагласи дека бројката од пријавените 23 илјади граѓани за вработувањата во „Македонски шуми“ покажува дека власта продуцира сиромаштија, која е и предмет на манипулации