Кина ќе затвори над 2000 рудници до крајот на 2015


Кина вети дека ќе затвори најмалку 2000 рудници за јаглен до крајот на 2015 во обид да ги подобри стандардите на безбедност во оваа смртоносна индустрија. Државниот совет соопшти дека тоа ќе бидат оние рудници со помалку до 90 000 тони годишно производсто кои не успеваат да се придржуваат до правилата за безбедност и оние кои се склони кон незгоди. Во рудниците во Кина се случуваат чести несреќи и тие се сметаат за најсмртоносни во светот. Според статистиките, во 2012 година во рудници за јаглен во Кина загинале 1385 лица.