Пакистанската активистка Малала се сретна со Обама

Пакистанската тинејџерка активист за образование, Малала Јусуфзаи, која преживеа обид за атентат од страна на талибанците, минатата година, се сретна со американскиот претседател, Барак Обама, во Белата Куќа.
Во соопштението од Белата Куќа се вели дека Обама и неговата сопруга, Мишел и се заблагодариле на 16-годишната Малала за нејзината посветеност на образованието на девојчињата во Пакистан. Јусуфзаи му се заблагодарила на Обама за поддршката на образованието во Пакистан и во Авганистан како и на сириските бегалци. Малала е номинирана за Нобеловата награда за мир за оваа година.