Индија:евакуирани 400 000 луѓе пред налетот на циклон

Над 400 000 лица се евакуирани во Индија откако голем циклон се приближува кон Бенгалскиот Залив. Циклонот Фаилин се очекува дека денеска попладне ќе ги погоди источните држави Ориса и Андра Прадеш. Метеоролошкиот завод објави црвен сигнал за предупредување очекувајќи бурата да создаде ветер од 220 километри на час. Американскиот центар на воената морнарица за предупредување од тајфуни предвидува дека ветерот би можел да достигне и 315 километри на час. Во главниот град на државата Ориса владее паника од купување намирници при што многу продавници остануваат без храна.