Врачена наградата „11 Октомври“ за оваа година

Во Собранието на Македонија беше врачена државната награда „11 Октомври“ за животно дело за 2013 година на проф. д-р Срѓан Керим, економист и дипломат-во областа на науката и образованието, на проф. м-р Решат Амети, ликовен уметник-во областа на културата и уметноста и на новинарот и публицистот Драгослав Аргировски-во областа на новинарството и публицистиката. Наградите им ги врачи проф.д-р Никола Јанкуловски, член на Одборот за доделување на високото признание за оваа година и декан на Медицинскиот факултет во Скопје. Тој изјави дека добитниците со својот долгогодишен макотрпен творечки напор упорно чекорат низ патеката на науката и уметноста и се искачуваат на самиот врв на пиедесталот на областите во кои творат.