Напад врз шведскиот конзулат во Бенгази

Бенгази 11.10.2013

Автомобил-бомба експлодира пред шведскиот конзулат во источниот либиски град Бенгази.
При тоа е оштетен предниот дел на зградата и некои куќи во близината. Шведската мисија е една од ретките западни дипломатски претставништва кои останаа во Бенгази.
Засега никој не превзеде одговорност за нападот. Нападот е извршен неколку дена по акцијата на американските командоси кога беше заробен член на Ал Каеда во Триполи.
Исламските милитанти повикаа на одмазднички напади.
Вчера во Либија исто така беше киднапиран па ослободен премиерот Али Зеидан од страна на група на поранешни бунтовници.
Централната власт и армијата се борат во Либија за да ги контролираат ривалските милиции и исламски милитанти.