Загинаа пет лица во тешка сообраќајка во Скопје

илустрација

Пет лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу три часот на „Јужен булевар“ во близина на „Рампа" во Скопје, јави МИА повикувајќи се на Министерството за внатрешни работи. Според полицијата, патничкото моторно возило „БМВ" со кое се превезувале петте лица, со иницијали, А.С., Б.С., Г.Ѓ., Ж.К. и Ф.Б., сите на возраст од 27 и 28 години изгубило контрола и излетало од патот. Возилото удрило во подрумските простории на објектот на Пазарната инспекција, при што од ударот сите лица починале на лице место. Полицијата врши увид на местото на несреќата.