Во пожар во Јапонија загинале 10 луѓе

Во пожар кој денеска избувнал во една ортопедска болница во јужна Јапонија загинале 10 луѓе, додека 8 биле повредени, соопшти локалната полиција. Пожарникарите велат дека пожарот избувнал во приземјето на болницата и тоа во моментот кога поглемиот дел од пациентите спиеле. Засега не е позната причината за пожарот.