Екс градоначалникот на Детроит осуден за корупција

Поранешниот градоначалник на Детроит Кваме Килпатрик

Поранешниот градоначалник на Детроит Кваме Килпатрик е осуден на 28 години затвор за рекетирање и корупција. Се наведува дека ова е една од најстрогите казни за корупција во последниве неколку години во Соединетите држави. Килпатрик кој беше градоначалник од 2002 до 2008 година пред судот изрази жалење бидејќи ги разочарал граѓаните на Детроит, но демантира дека крадел од градската каса. Детроит своевремено беше еден од најбогатите американски градови, но неодамна банкротира.