Германија бара ослободување на Тимошенко

Германија ја повикува Украина да ја ослободи поранешната премиерка Јулија Тимошенко. Доколку не го стори го ризикува потпишувањето на клучниот договор со Европската Унија. Министерот за надворешни работи Гвидо Вестервеле ова го најави по средбата со украинскиот претседател Виктор Јанукович во Киев. Тој изјави дека Киев треба да го реши проблемот со Тимошенко затоа што „ сака да ја види Украина на вистинскиот пат кон Европа.“
Украинскиот министер за надворешни работи соопшти дека властите се во потрага по решение. Тимошенко беше осудена на 7 години затвор во 2011 година поради злосторства од 2009 година поврзани со договор за гас со Русија.