Добитникот на Нобеловата награда наскоро ќе биде соопштен

Една од шпекулациите е дека наградата ќе и припадне годинава на пакистанското девојче Малала

Добитникот на Нобеловата награда за мир ќе биде соопштен во петок во Осло, Норвешка. Шпекулациите за тоа кој е добитникот што го избра норвешкиот нобелов комитет се движеа од руски и белоруски активисти за човекови права до лекарот од Конго Денис Муквеге познат по неговата поддршка за правата на жените, а се спомнуваше и името на американскиот војник Менинг кој што пушти илјадиници доверливи документи на Викиликс, како името на 16 годишното девојче Малала Јуфсазаи. Девојчето кое беше застрелано во глава од страна на Талибанците пред една година и по низа операции закрепна е добитник на Сахаровата награда за човекови права од Европскиот Парламент.