Иванов ќе го одбележи 11 Октомври во Прилеп

Обраќање на претседателот Ѓорге Иванов на свечена академија по повод 11 Октомври- Денот на народното востание, Скопје, Македонија

Македонија денеска прославува 72 години од почетокот на народното востание за ослободување на Македонија од фашистичкиот окупатор. Претседателот Ѓорге Иванов, ќе го одбележи овој празник во градот во кој пукнала првата пушка, Прилеп. Тој ќе учествува на свеченоста во организација на Општина Прилеп, при што ќе положи свежо цвеќе на споменикот на Методија Андонов Ченто, и ќе посети единици на Армијата на Република Македонија. Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски заедно со министерот за одбрана Талат Џафери ќе ги посетат македонските мировници во Мисијата ИСАФ во Авганистан.