Во Грција и натаму расте невработеноста

Националниот Институт за статистика на Грција денеска објави дека 1 милион и 360 илијади лица биле невработени во јули, што претставува раст од 10 проценти во однос на минатата година.
Невработеноста во Грција во јули достигна 27,6 проценти.
Грчката Влада очекува невработеност од 26 насто идната година.
Синдикот на грчките работници во приватниот сектор пак очекува невработеноста да се зголеми на 30 отсто во текот на идната година.