Вехабистите во Црна Гора биле потенцијална опасност

Вехабиите во Црна Гора се потенцијална опасност за националната безбедност, поради што се и под надзор на службата за безбедност, соопшти денеска Агенцијата за национална безбедност.
Преставници на Агенцијата колку точно вехабии има во Црна Гора. Порталот ТВЦГ повикувајки се на неофицијани податоци јави дека во земјата се наоѓаат неколку стотици припадници на ова радикално исламистичко движење.
Тие, како што се наведува, биле поделени во неколку групации, како „Текфир“ и „Нусретовци“, следбеници на Нусрет Имамовиќ, лидер на дел од вехабиите во Босна и Херцеговина, кој во јавноста е познат по изјавата дека „самоубиствените напади не се забранети, но сепак треба да се користат во исклучителни прилики“. Претставници на Агенцијата напоменуваат дека вехабиското движење е финансиски исклучително силно, поради што младите и сиромашните се лесна мета за регрутирање.