ОБСЕ со извештај за изборите во Азербеџан

Претседателот на Азербеџан Илхам Алиев

Меѓународните набљудувачи на ОБСЕ денеска треба да го објават извештајот за претседателските избори во Азербеџан. Според првичните резултати актуелниот претседател Илхам Алиев освоил над 85 проценти од гласовите со што го обезбеди и неговиот трет мандат на функцијата.
Опозицијата обвини за низа нерегуларности, а нејзиниот кандидат Камил Хасанли кој осови 5 отсто од гласовите изјави дека станува збор за тотален фалсификат.