Киднапиран либискиот премиер Али Зеидан

Либискиот премиер Али Зеидан

Либиската влада соопшти дека премиерот Али Зеидан бил киднапиран од вооружена група и бил однесен на непозната локација. Според соопштението, Зеидан бил киднапиран рано утрината поради се уште непознати причини од група на мажи кои се верува дека се поранешни бунтовници.
Ројтерс ги цитираше либиските медиуми кои јавија дека Зеидан бил киднапиран од хотел во главниот град Триполи.