Самит на Асоцијацијата на нации од југоисточна Азија

Лидерите на десет земји од југоисточна Азија се собраа на годишен самит во Брунеи. Се очекува на настанот да има обраќања на претставници од земји кои не се дел од Асоцијацијата на нации од југоисточна Азија, меѓу кои се Кина, Јапонија, Јужна Кореа, Индија и Соединетите американски држави. Американскиот државен секретар Џонј Кери ја предводи американската делегација на место на претседателот Барак Обама, кој мораше да го откаже присуството на самитот поради затворањето на американската влада.