САД не ја прекинуваат воената помош за Египет

Каиро, деновиве

Белата куќа соопшти дека информациите за прекин на американската воена помош за Египет се лажни. Претставник на националниот совет за безбедност најави обелоденување подетални планови за американската подршка за Египет во следниве неколку дена. Американскиот претседател Барак Обама во обраќањето пред Националниот совет за безбедност рече дека американската поддршка за Египет ќе продолжи.