Барање за заштита на американските спортисти во Сочи

Околу 40 претставници на Конгресот испратија писмо до Олимпискиот Комитет на Соединетите американски држави со барање за асистенција во заштитата на американските спортисти кои ќе се натпреваруваат на олимписките игри во Сочи, Русија. Конгресмените изразуваат загриженост за, како што го нарекуваат „рускиот анти-геј закон“ Во дописот се наведуваат примери на насилства против хомосексуалци во Русија и се изразува загриженост од инциденти доколку американските посетители и учесници во Сочи не се согласуваат со одредбите од анти-геј законот.