СДСМ со проект за враќање на ДДВ на граѓаните

Претседателот на СДСМ Зоран Заев

Претседателот на СДСМ Зоран Заев денеска презентира проект за поврат на ДДВ на секој граѓанин, прв од новата партиска програма што е во подготовка, а чија основна порака е „Да ја вратиме средната класа“. Се предлага на секој краен потрошувач да му се враќаат 15 проценти од платениот ДДВ. Со враќањето, вели Заев, на граѓаните ќе им бидат вратени 8 милијарди денари годишно, а на секое семејство кое поседува фискални сметки меѓу 20 и 30 илјади денари годишно. Според Заев, враќањето на ДДВ-то кон граѓаните ќе се прави квартално, а по враќањето на целокупниот износ кон граѓаните, во државниот буџет ќе останеле околу 2 милијарди денари, односно повеќе пари отколку сега. Лидерот на СДСМ најави дека откако ќе ги слушнат предлозите, сугестиите и критиките од граѓаните кон средината на декември ќе го заокружат конечниот текст и содржина на партиската програма.