Северна Кореја ја подигна борбената готовност

Северна Кореја соопшти дека ја подигната борбената готовност на највисоко ниво и е подготвена да дејствува. Портпарол на северно-корејската армија ги предупреди Соединетите Држави на можни тешки последици поради тоа што имало раздвижување на американски бродови во јужно-корејски пристаништа, вклучувајки и еден носач на авиони. Јужна Кореја вчера соопшти дека бродовите се на рутинска вежба и оти критиките од Пјонгјанг се погрешни.