Вељаноски на Конференција на Парламенти од Западен Балкан

Во Будимпешта денеска се одржува евро атланска конференција на претседателите на Парламентите на земјите од Западен Балкан, чиј домаќин е претседателот на Националното Собрание на Унгарија, Ласло Ковер .На конференцијата присуствува и претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноси.Тој ќе има свое обраќање на првата сесија на тема „Интеграција во ЕУ: резултати и аспирации“, а ќе биде и ко-претседавач заедно со претседателот на унгарското Собрание.