Продолжува расправата по ребалансот на Буџетот

Комисијата за финансирање и буџет расправата по ребалансот на Буџетот ќе ја продолжи денеска. За ребалансот има 52 амандмани, а комисиската расправа ќе трае 10 дена.На првиот ден од општиот претрес по расправата за ребалансот на Буџетот за 2013 година, вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески пред членовите на матичната Комисија за финансирање и буџет, објасни дека станува збор за мал ребаланс кој ја опфаќа само расходната страна.
Пратениците од СДСМ рекоа дека нема да гласаат за ребалансот на Буџетот и затоа немаат поднесено амандмани. Според нив, Буџетот за 2013 година, што се донесе на 24 декември минатата година, е спротивен на Деловникот на Собранието на Македонија