ПКК ќе го прекине примирјето ако турските сили преземат акции

Бунтовниците од Курдската работничка партија ќе го прекинат примирјето во Турција, само доколку турските сили за безбедност преземат воени акции, изјави денеска претседателот на политичкото крило на ПКК, Сојузот на курдските општини, Мурат Карајлан. Турските власти почнаа мировни преговори со лидерот на ПКК, Абдула Оџалан пред околу една година. Во март Оџалан објави прекин на огнот и курдските бунтовници во мај почнаа да се повлекуваат од турска територија. Карајлан потсети дека на почетокот на минатиот месец ПКК го прекина повлекувањето на борците од Турција, бидејки додека тие се повлекувале државата и Владата не направиле ниту еден чекор за зголемување на довербата, насочена кон пронаоѓање на решение за конфликтот.