Американско - германско трио за Нобелова награда за медицина

Американците Џејмс Ротман и Ренди Шекман и германецот Томас Сидхоф се добитници на Нобеловата награда за медицина.
Според шведската академија на науките која ги доделува Нобеловите награди ова е признание за нивното откритие како ќелијата се движи, односно како го организира својот транспортен систем. Станува збор за прва од наградите за оваа година што ги доделува Шведската академија во Стокхолм.
Во петок, пак, во Осло ќе биде доделена наградата за мир.
Меѓу фаворитите за таа награда е пакистанската активистка, тинејџерката Малала Јусуфари, која беше застреланa во главата од страна на талибанците, минатата година.
Таа бараше образование за девојчињата во нејзината земја. Нобеловата награда ја основал пронаоѓачот на динамитот, шведскиот физичар Алфред Нобел.