САД остануваат посветени на азиско пацифичкиот регион

Американскиот државен секретар Џон Кери ги увери азиско – пацифичките лидери дека САД остануваат посветени на регионот.
Кери ова го рече во обраќањето на самитот на АПЕК каде го менува претседателот Барак Обама кој го откажа учеството поради делумното затворање на американските федерални инситуции и капацитети како последица на немањето договор межу републиканците и демократите во Конгресот.
Поради осуството на Обама, се очекува централно место на самитот да добие Кина.