Иран - непријателски земји вршеле акти на саботажа

Шефот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи.

Иран соопшти дека четири лица се уапсени под обвинение за саботажа на нуклеарни постројки во земјата. Шефот на иранската Организација за атомска енергија, Али Акбар Салехи, вчера изјава дека „непријателски земји“ преку „акти на саботажа“ се обидуваат да го блокираат договорот за надминување на спорот околу нуклеарната програма на Иран. Тој вели дека властите спречиле слични обиди за саботажи во минатото. Иран го обвинува Израел за убиства на нуклеарни научници во текот на изминатите години и тврди дека е можно САД да се вмешани во последните напади врз нивната нуклеарна програма.
Во исто време Израел обвини дека еден белгиски државјанин со иранско потекло шпионирал за Исламската Република.