Јапонија бара странска помош за Фукошима

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе денеска изјави дека неговата земја е отворена за странска помош за да се справат со сè поголемото излевање на радиоактивна вода од оштетената нуклеарна централа Фукошима во океанот.

„Отворени сме за најнапредните знаење од странство за да можеме да се избориме со овој проблем“, изјави јапонскиот премиер.

Тој минатиот месец уверуваше дека излевањето од Фукошима е „под контрола“, но сега не кажа дали и понатаму мисли така, ниту пак објасни каква странска помош очекува.

Пред неколку денови управата на централата призна дека контаминирана вода се излила во океанот, тие признаваат дека Тихиот океан се загадува со подземна загадена вода уште од катастрофата на централата во 2011 година.