Во Авганистан убиени четворица американски војници

Четворица американски војници се убиени во јужен Авганистан, соопшти воен претставник. Војниците се убиени при експлозија на импровизирана експлозивна направа. Во соопштението од НАТО се наведува дека војниците загинале денеска за време на партнерска операција во јужниот дел на Авганистан, но други детали не се соопштуваат.