Египет на готовс во пресрет на ривалските протести

Египетските власти ја заострија безбедноста пред најавените демонстрации и на поддржувачите и на противниците на соборениот исламистички претседател Мохамед Морси, за одбележување на 40-годишнината од арапско-израелската војна.

Египетските медиуми јавуваат дека војската има пунктови на сите пристапни патишта до главниот град, Каиро. Војската, исто така, ја зајакнува безбедноста на плоштадот Тахрир во Каиро каде денеска треба да се одржат протестите. Министерството за внатрешни работи предупреди дека тие „цврсто се ќе спротивстават“ на какво било насилство на плоштадот Тахрир.
Во петокот поддржувачите на Морси се обидоа да се спојат на плоштадот предизвикувајќи судири со противниците и безбедносните сили, при што загинаа 4 луѓе.