Во напади во Ирак повеќе од 60 жртви

Илустрација- напад во Ирак.

Повеќе од 60 луѓе загинале во одделни инциденти во Ирак. Во најкрвавиот од нив кога бомбаш самоубиец се разнел меѓу група шиитски аџи во Багадад, загинале 48 луѓе, соопшти полицијата. Во главно шиитскиoт град Балад, северно од Багдад, бомбаш-самоубиец се разнесе во кафуле, при што загинаа најмалку 13 лица, а 22 беа повредени. Претходно во саботата, напаѓачи убија новинар и снимател додека биле на задача во северниот град Мосул. Засега никој не презеде одговорноста за било кој од нападите.